Дома Топ вести Тужба од Севилја за Витоло, Атлетико Мадрид и Лас Палмас

Тужба од Севилја за Витоло, Атлетико Мадрид и Лас Палмас

Севилја потврди дека ќе ги тужи сите страни што се вмешани во трансферот на Витоло, значи Атлетико Мадрид, Лас Палмас и шпанскиот репрезентативец.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Атлетико пред две недели објави дека Витоло потпишал петгодишен договор, иако неколку дена претходно првиот човек на Севилја, Хозе Кастро, изјави дека клубот и фудбалерот се договориле тој да го продолжи договорот.

Како што соопшти Кастро во понеделникот, тој бил убеден дека Севилја преговара со фудбалерот, врз основ на претходниот договор, но веднаш потоа Атлетико објави дека договорил петгодишна соработка со Витоло.

Бидејќи екипата од Мадрид има забрана за трансфери во овој преоден рок, клубот веднаш објави дека Витоло ќе биде позајмен во Лас Палмас до 31 декември годинава. Инаку, Витоло сам го откупи договорот вреден 33 милиони евра од Севилја.

Сепак, според некои извештаи, играчот договорот не го откупил со свои, туку со пари што ги добил од Атлетико.

Севилја во петокот на состанокот на бордот на директори реши да ангажира правен тим по повод трансферот на Витоло.

Најавена е тужба против фудбалерот, неговиот татко, агенцијата „Бахија“, Атлетико Мадрид и Лас Палмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…