Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра се враќа во Премиер лигата.
Откако есента Олимпик Марсеј го раскина договорот со него, бидејќи нападна еден навивач. Евра до денес е без клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми потврдија, Евра постигнал договор со Вест Хем и како слободен играч ќе потпише договор со „Чеканите“.
Дејвид Мојес, кој соработуваше со Евра во неговата последна сезона на „Олд Трафорд“, го повика на помош Французинот во битката за опстанок.
Покрај тоа, Масуаку одработува голема суспензија од шест месеци, така што Мојес има главоболки на левиот бок.
Инаку, на социјалните мрежи веќе се појавија шеги од типот дека Евра морал да го избере Вест Хем поради фактот дека трибините се далеку од теренот, па ќе му биде потешко да ги „тепа“ навивачите.
Инаку, кога Евра првпат стигна во Јунајтед дојде од Монако, а подоцна играше за Јувентус и Олимпик Марсеј.
Сега ќе потпише договор со Вест Хем до крајот на тековната сезона.