Дома Трансфер зона ПРЕД ПОТПИС: Легендарниот Пепе се враќа во поранешниот клуб!

ПРЕД ПОТПИС: Легендарниот Пепе се враќа во поранешниот клуб!

pepe

Искусниот Пртугалец, Пепе изгледа нема долго време да бара нов ангажман.

Кон крајот на 2018 година контроверзниот Пепе се раздели со Бешикташ, а во меѓувреме се поврзуваше со трансфер во Вулверхемптон, но наводно сега најблиску е до Порто.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа воедно е клубот во кој 34 годишниот Пепе ја започна кариерата и стекна афирмација. „Рекорд“ пишува дека преговорите на релација „Пепе-Порто“ на големо се во тек и дека поранешниот фудбалер на Реал доколку дојде до договор ќе стави потпис на договор до крајот на сезоната.

Пепе последен пат дресот на Порто го носеше во 2007 година кога беше продаден на Реал Мадрид за сума од 30 милиони евра, а за овој тим играше во следните 10 години, за потоа да направи трансфер во Бешикташ.

За времето поминато во Бешикташ Пепе одигра 52 натпревари и успеа да постигне седум погодоци и да запише три асистенции. Причината поради која заминува од турскиот клуб е што клубот не успеа да обезбеди финансии за него и за уште неколку најплатени играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …