Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 12ти јануари: Милан фаворит за потписот на Фелаини!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 12ти јануари: Милан фаворит за потписот на Фелаини!

0

Полека изминува една половина од јануарскиот преоден рок, постојат многу гласини со Спортски бидете во тек со се што се случува!

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот!

– „Тутуоспорт“ утрово ја надополнува вчерашната ексклузива на Џанлука Ди Марцио! Флорентино Перез наводно на Јувентус му предложил размена Иско – Дибала! (ОВДЕ)


Следете го Sportski.mk и на


– Oткако вчера беше потврден трансферот на Мунир Ел Хадади од Барселона во Севиља стана јасно дека Барса ќе мора да доведе резерва на Луис Суарез во овој преоден рок. „Мундо Депортиво“ тврди дека тоа ќе биде Фернандо Љоренте од Тотенхем. (ОВДЕ)

– Лидс во овој преоден рок би можел да го ангажира резервниот голман на Реал Мадрид, Кико Касиља. (ОВДЕ)

– Арапски клубови се распрашувале за Адис Јаховиќ, Коњаспор за услугите на македонскиот напаѓач бара четири милиони евра (ОВДЕ)

– Откако Реал Мадрид се поврзуваше со Лука Јовиќ кој игра одлично во Бундеслигата, сега со српскиот напаѓач каталонските медиуми ја поврзуваат и Барселона.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Гонзало Игуаин е еден чекор поблиску до Челзи… (OВДЕ)

– Откако Мичу Батчуаи се врати во Челзи, интересот за него е огромен. Според последните информации, Монако е најблиску до неговиот потпис. Освен него низ медиумите може да се прочите и дека желба на Анри е стоперот на Лоран Кошчиелни.

– Претседателот на Тотенхем Даниел Леви или не сака да ги продаде (многу веројатно) или е навистина луд. Откако побара 250 милиони евра за Кристијан Ериксен, сега за Хари Кејн бара 350!? (ОВДЕ)

– За следната недела најавен е состанок помеѓу Интер и Миранда. Бразилецот бара трансфер и има повик од татковината, од Фламенго.

– БЛИСКУ ДО ДОГОВОР: Нови информации со Кико Касиља: Голманот на Реал Мадрид се очекува утре да допатува на прегледи во Лидс.

– „Газета дело Спорт“ тврди дека Наполи испратил понуда за Ирвинг Лозано. Наводно станува збор за сума од 30 милиони евра, плус играчот Амин Јунес. (ОВДЕ)

– OФИЦИЈАЛНО: Тиери Анри го доби и четвртото засилување во Монако. Нов играч на Монако е искусниот Вилијам Венкер кој пристигнува од Анталија.

– ОТКРИЕНО: Според информациите на италијански „Скај“, Реал Мадрид е тимот кој минатото лето понудил 160 милиони евра за Милинковиќ Савиќ. (ОВДЕ)

– БОМБА: Фелаини пред потпис со Милан! (ОВДЕ)

Марко Арнаутовиќ денес изгледа го одигра последниот натпревар за Вест Хем. Напаѓачот се простуваше со навивачите, се очекува да направи трансфер во Кина.

 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Готово: Унаи Емери го добива посакуваното засилување!

Англиските медиуми пренесуваат дека играчот на Барселона, Денис Саурез е на чекор од транс…