Дома Топ вести Јувентус го сака Иско, Перез им предложил спектакуларна размена!

Јувентус го сака Иско, Перез им предложил спектакуларна размена!

Во Реал имаат предлог за Јувентус, ако се навистина заинтересирани за Иско.

Момчето од Малага дефинитивно е на пат да го напушти Реал Мадрид после пет години и да побара нов предизвик. Од кога Солари е во тимот Иско не добива шанса да го покажа својот потенцијал.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Солари го користи Иско само кога треба да одмори од неговите стандардни првотимци во натпреварите кои немаат резултатско значење.

Од вчера актуелна е ексклузивата на Џанлука Ди Марцио според која директорот на Јувентус, Фабио Партичи воспоставил контакт со агентот на Иско и добил позитивни сигнали од другата странас.

Денес „Тутоспорт“ открива дека Перез започнал да преговара со италијанскиот гигант и им предложил размна која силно би одекнала во Европа. Перез во замена за Иско го бара Паоло Дибала!

Таква е пораката на Перез која ја испратил на Партичи и неговите соработници. Ако го сакате Иско, мораат да го пуштат Дибала да дојде во Мадрид. Ситуацијата е деликатна. „Старата дама“ сигурно не сака да го пушти Дибала за помалку од 100 милиони евра, интерес покажаа Атлетико, Манчестер Сити и Пари Сен Жермен, додека Иско во овој момент не вреди повеќе од 80 милиони евра.

Како и да е во овој момент не изгледа реално Јувентус да го пушти Дибала. Иско веројатно ќе замине, можеби и во Јувентус, но тешко дека Дибала може да биде „жртвата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гиљермо Очоа наредната сезона ќе брани во нов клуб

Во текот на актуелната сезоната Салернитана промени три тренери, но и понатаму се мачи со …