Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Наполи го сруши клупскиот рекорд, Џовинко може да се врати, Ренато Санчез има нов клуб

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Наполи го сруши клупскиот рекорд, Џовинко може да се врати, Ренато Санчез има нов клуб

Се наближува крајот на преодниот рок, а во завршницата се очекува и конечен расплет пред се со фудбалерите кои привлекуваат најмногу внимание во овој момент, Мауро Икарди, Нејмар…БИДЕТЕ ВО ТЕК СО СЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА!

Ирвинг Лозано потпиша! Тој е најскапото засолување во историјата на Наполи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн има план од 200 милиони евра!

Ренато Санчез има нов клуб. Фудбалерот кој важеше за голема надеж ќе се пресели во Лил за 25 милиони евра.

Зошто Нејмар молчи? Од Барселона го повикуваа јавно да каже што сака, но засега таква изјава од Бразилецот нема.

Рома би можела да го врати Никола Калиниќ во Серија А , Наводно римскиот клуб започнал преговори со Атлетико, клуб во кој Хрватот е означен како вишок.

Емери и дефинитивно ги отпишал Елнени и Мустафи. На двајцата фудбалери им е соопштено да си бараат нови клубови.

Официјално: Поранешниот напаѓач на Аталанта Герман Денис е нов фудбалер на Реџина.

Првата понуда од Фенербахче за Луис Густаво од 4.5 милиони евра била одбиена. Денес турскиот клуб на адреса на Марсеј испратил нова.

Само шест месеци откако од МЛС замина во Саудиска Арабија Себастијан Џовинко би можел да се врати во Италија и тоа во Серија А. За „атомската мравка“ интерес покажал Сасуоло.

Монако и Милан се договориле Кеси да се пресели во Кнежеството за 35 милиони евра, но сега се чека одговорот на фудбалерот.

Ориол Бускетс, еден од поглемите таленти во школата на Барселона, Каталонците го испратија на позајмица во Твенте.

Официјално: Иван Стриниќ го раскина договорот со Милан и сега е без клуб. Ќе видиме каде Хрватот ќе ја продолжи кариерата.

Солскјер потврди дека преговори за Санчез постојат.

И понатаму трае неизвесната ситуација за левиот бек на Барселона, Миранда. Како можни клубови кои сакаат да го доведат се споменуваат Марсеј, Јувентус и Шалке.

Зидан демантираше се за Кејлор Навас: Не можам да го замислам тимот без него, тој е наш важен играч!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…