Дома Трансфер зона Калиниќ се враќа во Серија А?

Калиниќ се враќа во Серија А?

Конкуренцијата во нападот на Атлетико Мадрид оваа сезона е навистина голема и тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне не смета на хрватскиот напаѓач, Никола Калиниќ.

„Марка“ неодамна објави дека Калиниќ тренирал одвоено од соиграчите додека чека трансфер. На стартот од првенството за натпреварот против Гетафе не беше во конкуренција за настап.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега „Скај Спорт“ пренесува дека Рома сака да го врати Калиниќ во Серија А. Клубот од Рим бара напаѓач и е спремен да го доведе овој 31 годишен фудбалер на позајмица со право на откуп на крајот од сезоната.

Калиниќ минатото лето од Милан премина во Атлетико за 14.5 милиони евра, но во Примера не се прослави и постигна два гола на 17 натпревари за шпанскиот клуб. Сезоната претходно за Милан постигна шест олови, а најефикасен беше во Фиорентина кога за две сезони собра 27 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…