Дома Трансфер зона За овие двајца нема место во Арсенал

За овие двајца нема место во Арсенал

Jaсно и гласно, двајца играчи ќе го напуштат Арсенал до крајот на преодниот рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арсенал утре го очекува дербито против Ливерпул и тоа ќе биде судир на тимовите кои имаат максимален учинок, а пред натпреварот Унаи Емери потврди дека на двајца играчи нема да смета.

Еден е Шкодран Мустафи на кого му е кажано дека нема да се смета на него и понудено му е да оди на позајмица во Рома. Германскиот фудбалер не одигра ниту минута во оваа сезона.

Неодамна кажа дека нема да замине, но јасно е дека ризикува цела сезона да ја помине на клупата.

Мохамед Елнени е засилувањето на Венгер кое за четири собра 30 настапи во Премиер лигата. Овој фудбалер има понуда од Галатасарај да оди на позајмица.

Емери кажа дека двајцата се големи професионалци, но и дека се незадоволни со статусот, па можеби е најдобро да одат некаде каде што ќе можат да играат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…