Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Арсенал купи стопер, Олмо потпиша, ветеранот Дефо кај Џерард

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Арсенал купи стопер, Олмо потпиша, ветеранот Дефо кај Џерард

До затварањето на трансфер пазарот не остана уште многу, со Спортски бидете во тек со се што се случува.

Интересна вест пренесуваат француските медиуми, Манчестер Јунајтед наводно испратил понуда за Едисон Кавани. Меѓутоа Уругваецот ја одбил понудата бидејќи сака само во Атлетико. Според информациите англискиот клуб бил спремн да му ја исплати платата од 12 милиони евра која ја добива во ПСЖ.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кога е Ериксен во прашање, договор е постигнат. Медиумите најавуваат дека Данецот утре може да присуствува на натпреварот против Каљари, а веќе во понеделник да ги помине медицинските прегледи.

Откриена е и платата на Ериксен! (тука)

Арсенал ги започнал преговорите за Лемар. Меѓутоа трансферот е далеку од реализација затоа што „топџиите“ немаат договор ниту со играчот, ниту со клубот.

Тимот на Лидс преговара со агентот на фудбалерот на Монак Жан-Кевин Агустин. Ќе потсетиме Лидс вчера го официјализираше трансферот на младиот Поведа кој дојде од Манчестер Јунајтед.

Опција помалку за Криштоф Пјонтек. Вест Хем се откажа од намерата да го доведе полскиот напаѓач. Во последните денови би можеле да се обидат да се засилат со Серу Гираси од Амиен.

Еве нешто повеќе за веста која се појави вчера – Јувентус и ПСЖ би можеле да направат трампа! (тука)

Вилијан Жозе ги превзема работите во свои раце! Напаѓачот одбил да тренира затоа што шпанскиот клуб не ја прифатил понудата од Тотенхем. Клубот од Лондон понуди 12 милиони евра, меѓутоа Сосиедад бара 25 милиони евра. Голем проблем прави тоа што Сосиедад ќе добие 70% од оштетата.

Мино Раиола откри: Само заканите на навивачите го спречија Донарума да го напушти Милан! (тука)

Крилниот фудбалер од денеска ќе биде нов играч на Наполи. Политано ќе игра во Неапол како позајмен играч до крајот на сезоната, а на лето „наполитанците“ мораат да го откупат за 21 милион евра. Ова го најавуваат поголем дел од медиумите во Италија.

Фиорентина веќе неколку недели преговара со Рома за ангажман на Жуан Жесус. Наводно постојат одредени проблеми кои можат да ја спречат реализацијата на овој трансфер.

Сосиедад освен со Тотенхем, преговара и со Рома. Со италијанскиот клуб водат разговори за Аднан Јанузај. Сосиедад бара 18 милиони евра.

Брендан Роџерс на прес-конференцијата пред натпреварот на Лестер најави доведување на стопер до крајот на овој пеоден рок.

Постигнат е договор, Арсенал доби стопер! Пабло Мари од Фламенго за сума од девет милиони евра ќе го облече дресот на Арсенал. Поранешниот играч на Манчестер Сити веќе се упатил кон Англија! (тука)

Официјално: Дани Олмо е нов играч на Лајпциг! (тука)

Стивен Нзози ќе премине во Рен или Вест Хем до крајот на сезоната. Во овој момент тој е позајмен играч на Рома во Галатасарај, но за него повеќе нема место во првиот тим. На Рома не е и потребен и се бара клуб кој ќе сака да ја плаќа неговата плата од 3.1 милиони евра по сезона.

Шпанските медиуми пренесуваат после Рома во игра за потписот на офанзивецот на Барселона Карлес Перез влегле Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Перез неодамна потпиша договор со Барселона, меѓутоа работите се променија кога Сетиен дојде на клупата на Каталонците.

Официјално: Ветеранот Џермејн Дефо потпиша договор со Ренџерс, но на шкотскиот клуб ќе му се придлужи на крајот на оваа сезона.

Ди Марија: Сакам ПСЖ да биде мој последен клуб во Европа, а потоа да се вратам и да играм во Аргентина.

Нови информации за Пабло Мари и неговиот трансфер во Арсенал. Мари слетал на аеродромот во Хитроу и многу брзо ќе ги започне лекарските прегледи.

Oд вчера се пишуваше за можната размена помеѓу ПСЖ и Јувентус(Курзава – Де Шиљо), а сега дел од француските и италијанските медиуми тврдат „светците“ размена му понудиле и на Милан и тоа: Пакета – Пардес!

Oбјавено и видео од пристигнувањето на Мари.

Eриксен го нема во составот на Тотенхем за денешниот натпревар и тоа е само уште една потврда дека неговиот трансфер во Интер е завршена работа.

Тухел отворено призна: Дадов зелено светло за размена Де Шиљо – Курзава! (тука)

Нови информации за Јанузај. Сосиедад не сака да преговара. Ако Рома и Парма го сакаат мораат да платат 18 милиони евра.

Едисон Кавани е опоравен од повредата, но и покрај тоа нема да конкурира за настап против Лил. Тухел не ја образложи причината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Њукасл најде замена за Исак

Њукасл сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот …