Дома Трансфер зона Официјално: Олмо е нов играч на Лајпциг!

Официјално: Олмо е нов играч на Лајпциг!

Дани Олмо од денес и официјално е нов играч на германцски Лајпциг!

Сега веќе поранешниот најдобар играч на Динамо Загреб премина во Лајпциг за сума од 18 милиони евра. Таа сума може да биде поголема со бонусите во договорот помеѓу Динамо и германскиот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Олмо со Лајцпиг потпиша договор на четири години.

Со овој трансфер Олмо може да стане најскапиот играч во историјата на Динамо. Вкупната заработка со се бонсуите може да достигне и 30 милиони евра. Сигурната зарабтока за хрватскиот тим е 18 милиони евра. По два милиони евра Динамо би требало да добива за секој пласман на Лајцпиг во Лигата на шампионите. Динамо успеа да издејствува и процент од идниот трансфер на Шпанецот.

Лајцпиг во трката за Олмо ги победи Милан и Барселона кои не успеаа да се договрат со Динамо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…