Француските и италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Пари Сент Жермен договорија трампа на двајца дефанзивци.
Според договорот Матија де Шиљо ќе се пресели во Париз, а во спротивен правец во Јувентус ќе пристигне левиот бек Курзава.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Светците“ веќе подолго време беа заинтересирани за Де Шиљо, кој може да игра како десен, но и како лев бек.
Јувентус не сакаше лесно да се откаже од Италијанецот без да најде соодветна замена, па на крајот двата клуба се договорија за трампа.
Де Шиљо веќе постигна договор со ПСЖ, па останува уште Курзава да се договори со „бјанконерите“ за трампата и официјално да биде комплетирана.
Juventus are working on a deal to swap Mattia De Sciglio with PSG defender Layvin Kurzawa. (Source: Sky Sport) pic.twitter.com/TlK6VjTAsj
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 24, 2020