Уште во првите денови од 2020 година се појави информација дека Лајвин Курзава сака да го напушти ПСЖ.
Курзава посака нов предизвик, а италијанскиот новинар Фабрицио Романо тогаш пишуваше дека 27 годишниот бек сака трансфер во Јувентус. Наводно Курзава преку своите агенти сам се понуди на Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега таа желба на изгледа ќе му се исполни. Размената за која вчера започна да се пишува (Курзава – Де Шиљо) е пред реализација. Самиот Тухел потврди дека дал зелено светло за оваа зделка.
„Веќе дадов зелено светло за за таа размена, но се уште нема договор. Ситуацијата е отворена и поради тоа Курзава нема да биде во составот за натпреварот со Лил“, изјави Тухел.
Инаку, Курзава има договор со ПСЖ до лето, додека договорот на Де Шиљо има важност до 2022 година. Исто така треба да се спомене дека Де Шиљо во овој момент се опоравува од повреда.