Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Ериксен на пат за Милано, Реал купи нов Бразилец, Гвардиола заминува

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Ериксен на пат за Милано, Реал купи нов Бразилец, Гвардиола заминува

Зимскиот трансфер пазар влегува во самата завршмница, а нашата редакција и денес навремено ќе ве известува за сите трансфер случувања.

-Главна тема денес е Интер кој е во завршни преговори со три ѕвезди од Премиер лигата. Ериксен, Жиру и Моузес наскоро би требало да пристигнат во Милано (тука).

– Реал го договори трансферот на младата бразилска ѕвезда од Фламенго, Реиниер Жесус кој денес полни 18 години и ќе потпише договор со „кралскиот“ клув (тука).

-Челзи сака да го „украде“ Тимо Вернер пред носот на Ливерпул и е спремен да испрату понуда од 60 милиони евра за Германецот (тука).

-Арсенал е заинтересиран за Бразилецот Бруно Гимараеш од Атлетико Парененсе. „Топџиите“ ќе треба да ја победат конкуренцијата од страна на Лион.

-БОМБА: Англиските медиуми пренесуваат дека Пеп Гвардиола на лето може да го напушти Манчестер Сити, позната и следната дестинација (тука).

-ПСЖ и официјално потврди дека Едисон Кавани побарал трансфер. Уругваецот има договор со Атлетико и сака веднаш да се пресели во Мадрид (тука).

-Мурињо го контактирал претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Португалецот го сака напаѓачот Лука Јовиќ (тука).

-Атлетико Мадрид ако не успее да го ангажира Едисон Кавани во јануари ќе се насочи кон напаѓачот на Арсенал, Александре Лаказет.

-Милан продолжува преговори со Рома за трансфер на крилниот напаѓач Џенгиз Ундер.

-Рома започна преговори со Реал Сосиедад за трансфер на Аднан Јанузај. „Волчицата“ го сака фудбалерот на позајмица со опција за откуп за 15 милиони евра.

-Јувентус и официјално демантираше дека преговара со Барселона за трампа Ракитиќ-Бернардески.

-Трансферот на Рикардо Родригез од Милан во Фенербахче е пред пропаѓање. Турската федерација не му дозволува на Фенер да регистрира нови фудбалери. Интерес за Швајцарецот покажува и ПСВ.

-Иако пропадна трампата меѓу Интер и Рома, Матео Политано сака преселба исклучиво на Олимпико, па поради тоа ги одби понудите на Наполи, Фиорентина и Севиља.

-Вулверхемптон и Лајпциг се вклучија во трката за потписот на Дани Олмо. Двата клуба се спремни да му платат на Динамо Загреб 25 милиони за неговиот потпис.

-Лион го комплетираше трансферот на крилниот напаѓач Токо Екамби од Виљареал за 20 милиони евра.

Официјално: Реал го купи Реинер! Станува збор за еден од најголемите бразилски таленти! (тука)

Официјално: Чедомир Јаневски се врати во Енозис после девет години. (тука)

Италијанските второлигаши Ливорно и Пескара се интересираат за ветеранот Алесандро Матри кој не е во плановите на Бреша.

Каљари и Јувентус изгледа се блиску до договор за позајмица на Марко Пјаца.

Солскјер најави дека Јунајтед ќе доведе напаѓач поради повредата на Рашфорд сега изгледа е познато и кој напаѓач ќе биде тој. „Црвените ѓаволи“ испратиле понуда од 50 милиони евра до Лион за Муса Дембеле. Претходно францускиот клуб одби две понуди од Челзи од по 40 и 45 милиони евра.

Италијанските медиумо пренесуваат дека Виктор Мозес е блиску до Интер. Веќе неколку дена се пишува за обидите на Интер да го договори овој играч, изгледа конечно успеале.

Едисон Кавани наводно поднел барање за трансфер до ПСЖ.

Кога сме веќе кај барањата за трансфер тоа го направил и Сусо од Милан.

„Билд“ пишува дека Ливерпул спрема понуда од 60 милиони евра за Вернер од Лајцпиг (тука)

Oна што се најави сега доби и официјална потврда. Спортскиот директор на Интер, Пјер Аусилио потврди дека клубот испратил понуда до Тотенхем за Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Русите сакале со валутна клазула да го изиграат Манџукиќ: Напаѓачот веднаш се прекинал

Марио Манџукиќ требаше кариерата да продолжи во Локомотив Москва, но тоа нема да се случи.…