Дома Топ вести Трансфери во живо: Агуеро во Челзи, Де Шиљо на чекор од Јуве, Нејмар ја шокира Барса

Трансфери во живо: Агуеро во Челзи, Де Шиљо на чекор од Јуве, Нејмар ја шокира Барса

1

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите сулучувања на трансфер пазарот.

-Шпанските и англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е на добар пат да го договори трансферот на дефанзивецот на Реал Мадрид, Данило за 25 милиони евра (ОВДЕ).

– Интер конечно се активира на трансфер пазарот. Медиумите во Италија тврдат дека е постигнат договор со Лацио за трансфер на крилниот напаѓач Кеита Балде за 22 милиони евра. Кеита треба да пристигне на „Џузепе Меаца“ како замена за Иван Перишиќ кој е пред трансфер во Манчестер Јунајтед.

– Јувентус ја започна потрагата по замена за Бонучи. Прва мета е дефанзивецот на Рома, Костас Манолас за кого „старата дама“ е спремна за понуди 35 милиони евра. Манолас беше на чекор од Зенит, но сега откако Рудигер го напушти „Олимпико“, Рома се противи на неговата продажба.

– Извршниот директор на Баерн Минхен, Карс Хајнц Румениге потврди дека Милан е заинтересиран за Ренато Санчез и дека двата клуба се во преговори, но сеуште немаат постигнато договор (ОВДЕ).

-Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас пристигна во Истанбул и денес би требало да го комплетира трансферот во Фенербахче (ОВДЕ).

-„Газета дело Спорт“ пренесува дека врв на преодниот рок на Милан ќе биде трансферот на Алваро Мората од Реал Мадрид. Напаѓачот веќе кажал ДА, а „росонерите“ му нудат договор од соништата (ОВДЕ).

Лукас Леива пристигна на лекарски прегледи во Рим и денес треба да стави потпис на договорот со Лацио. Бразилецот ќе биде замена за Лукас Билја, кој трансферираше во Милан.

-Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем ја победил Рома во трката за талентираниот аргентински дефанивец Хуан Фојт. „Спарси“ на Расинг за неговиот потпис ќе му платат околку 9 милиони евра.

-Мадридскиот весник „АС“ пренесува дека „кралевите“ ја одбиле понудата од Тотенхем тешка 25 милиони евра за Матео Ковачиќ. Зидан сака да го задржи хрватскиот репрезентативец.

– Еминентниот „ЕСПН“ тврди дека Интер и Манчестер Јунајтед се блиску до постигнување договор за трансфер на Иван Перишиќ. Трансферот би требало да биде комплетиран во следните денови, а ќе изнесува помеѓу 45 и 50 милиони евра. (ОВДЕ)

– Јувентус е блиску до комплетирање на трансферот на Федерико Бернардески од Фиорентина. „Старата дама“ за неговиот потпис ќе плати 40 милиони евра плус бонуси, а играчот ќе потпише договор до 2022 година и ќе заработува 4 милиони евра по сезона.

– Челзи има седум дена да го комплетира трансферот на Обамејанг за кого е спремен да понуди 75 милиони евра. За играчот интерес покажува и Милан, кој се чини дека во последните денови се сврте кон Мората и Белоти.

– Евертон за слободата на Рос Баркли бара неверијатни 50 милиони фунти. За играчот силен интерес покажуваат Манчестер Сити и Тотенхем, но не се спремни да платат толкава сума за англискиот репрезентативец.

– Каталонски „Спорт“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Нејмар сериозно размислува да ја напушти Барселона (ОВДЕ).

– Барселона испрати понуда до Пари Сент Жермен за Верати, па сега се чека одговор од „светците“ (ОВДЕ).

– Антонио Конте пронајде одлично засиливање во Мадрид и започна преговори со ѕвездата на Атлетико, Јаник Караско (ОВДЕ)

– Челзи сериозно тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити, Кун Агуеро, а англиските медиуми тврдат дека Гвардиола нема ништо против да го пушти напаѓачот во големиот ривал.

– Јувентус започна преговори со Валенсија за трансфер на десниот бек Жоао Кансело. Италијанските медиуми пренесуваат дека „бјанконерите“ за Португалецот ќе треба да платат помеѓу 20 и 25 милиони евра.

– „Скај Италија“ пренесува дека Милан и Јувентус постигнале договор за трансфер на Матија де Шиљо и дека само детали недостасуваат за реализација на трансферот за кого „старата дама“ ќе плати 12 милиони евра.

– Медиумите во Италија пренесуваат дека Белоти побарал од раководството на Торино да биде продаден ова лето. Милан и Челзи покажуваат најсериозен интерес и се спремни да понудат помеѓу 60 и 70 милиони евра.

– Италијанските гиганти Јувентус и Интер се заинтересирани за плејмејкерот на Реал Мадрид, Тони Крос, но шансите Германецот да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ ова лето се многу мали.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Топ вести

Проверете

Неочекувана понуда во Мадрид – Зидан во замена за Бејл ја добива ГОЛЕМАТА желба?!

Како што пренесува шпанскиот портал „Diario Gol“, Реал Мадрид добил неочекувана понуда. Сп…