Дома Фудбал Трагедија: Тренер на Хапоел загина при напад врз израелски туристи

Трагедија: Тренер на Хапоел загина при напад врз израелски туристи

Додека беснее војната во Израел, конфликтот полека ескалира надвор од границите на оваа земја.

Во напад во Александрија, Египет, полицаец уби двајца израелски туристи, меѓу кои и Алон Шамли, помошник тренер на Хапоел од Тел Авив.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Информацијата ја пренесоа сите релевантни израелски медиуми со дополнување дека тој покрај работата како тренер работел и како наставник во училиште во Бат Јам.

Несреќниот тренер имаше 34 години, а клубот официјално се прости од него со емотивна порака.

Според медиумите, полицаец отворил оган во автобусот, а овие наводи се истражуваат.

Во конфликтот меѓу Хамас и Израел веќе загинаа над илјада луѓе, меѓу кои и поранешниот фудбалер Лиор Асулин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе бара 240 милиони евра, додека ПСЖ бара 180 од него

Килијан Мбапе беше во фокусот на судска битка помеѓу него и клубот Пари Сен-Жермен. Откако…