Тотенхем ќе започне преговори со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал следната недела пренесуваат медиумите на Островот.
Французинот е примарна трансфер цел на Маурисио Покетино, а раководството на „спарси“ сака што е можно побрзо да му ја исполни желбата на својот тренер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Дејли Мејл“ пренесува дека Тотенхем спремил најмалку 100 милиони фунти за трансфери, а поголем дел од таа сума ќе биде потрошена токму на Марсијал.
Проблем за „спарси“ при овој трансфер може да биде желбата на „црвените ѓаволи“ да си ја вратат скоро целата инвестиција. Односно, Јунајтед во 2015 година за Марсијал плати сума од 55 милиони фунти (со вклучени бонуси).
22-годишниот напаѓач одби да го продолжи договорот и сака да ја промени средината, што е олеснителна околност за Тотенхем.