Дома Фудбал Останато Топ 20 трансфери во Премиер лигата, Роналдо на врвот

Топ 20 трансфери во Премиер лигата, Роналдо на врвот

Новинарите на „Скај Спорт“ го избраа Кристиано Роналдо за најдобар трансфер во историјата на Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо на листата од 20 трансфери заврши пред Тиери Анри и Ерик Кантона. Во Манчестер Јунајтед Роналдо пристигна од португалски Спортинг Лисабон за 12 милиони евра во август 2003 година. На „Олд Трафорд“ Португалецот помина шест сезони и за тоа време освои осум трофеи, од кои три беа во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите.

Зад Роналдо е легендата на Арсенал ,Тиери Анри. Арсенал го купи Анри за 11 милиони фунти од Јувентус во 1999 година. Во редовите на „топџиите“ тој помина осум сезони, освои две титули во Премиер лигата и го сруши клупскиот рекорд по постигнати голови.

ТОП 20 ТРАНСФЕРИ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА СПОРЕД „СКАЈ СПОРТ“

Кристијано Роналдо, Тиери Анри, Ерик Кантона, Френк Лампард, Рој Кин, Дидие Дрогба, Сол Кембел, Вејн Руни, Винсент Компани, Алан Ширер, Мохамед Салах, Нголо Канте, Денис Беркамп, Вирџил ван Дајк, Џанфранко Ѕола, Давид Силва, Патрик Виера, Еден Азар, Серхио Агуеро, Петр Чех

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок за Шпанија: Мундијалот можеби заврши за двајца фудбалери!

Фудбалската репрезентација на Шпанија може да се соочи со сериозни предизвици во продолжен…