Дома Фудбал Англија Тим од 280 милиони евра: Најскапите 11 во Премиер лигата кои не играат (ФОТО)

Тим од 280 милиони евра: Најскапите 11 во Премиер лигата кои не играат (ФОТО)

Британски „Сан“ состави тим од најскапите играчи во Премиер лигата кои се во втор план кај своите клубови.

Тимот на „Сан“ го предводи Кристијан Пулишиќ за кого Челзи плати 65 милиони евра на Борусија Дортмунд. Пулишиќ од август одигра само десет минути во Премиер лигата. Пред него Лампард ги користи, Мејсон Маунт, Рос Баркли, Вилијан и Педро.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На голот на најскапиот тим е поранешниот англиски репрезентативец Џо Харт не се снаоѓа ниту во Барнли. Неодамна доби шанса да брани во Лига купот и прими три гола од четири удари.

Шкодран Мустафи требаше да биде големо засилување за Арсенал, но не ги оправда очекувањата. Клубот ова лето се обидуваше да го продаде, меѓутоа Мустафи остана на „Емирати“ и шанса добива само во куп натпреварите. Во Арсенал пристигна во 2016 година за 40 милиони евра.

Бен Гибсон беше платен 18 милиони евра, а во Барнли му прави друштво на Харт на клупата. Оваа сезона одигра само еден натпревар. Маркус Рохо, аргентинскиот дефанзивец е далеку од првиот тим кај менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер. Оваа сезона одигра само 30 минути во Премиер лигата. Него Јунајтед го доведе за 20 милиони евра во 2014 година.

Фил Фоден е голем талент на Манчестер Сити, но со 19 години се уште не добива прилика каква што посакува кај Пеп Гвардиола. Оваа сезона играше само 10 минути во Премиер лигата. Доби прилика да влезе во Лигата на шампионите против Динамо и постигна еден гол.

Виктор Ванијама, играчот од 15 милиони евра во текот на летото не го промени клубот. Остана во Тотенхем и со самото тоа остана на клупата и на трибините.

Во Арсенал незадоволен е и Месут Озил. Германскиот играч за врска некогаш беше ѕвезда на Реал, а сега кај Унаи Емери падна во втор план иако заработува 400.000 фунти неделно и е најплатен играч на Арсенал. Озил одигра само 142 минути оваа сезона.

Минутажата на Озил изгледа одлично кога ќе се погледне ситуацијата на Џердан Шаќири во Ливерпул. Засилувањето од Стоук доби само 25 минути.

Во нападот се наоѓаат Келечи Инхеначо (Лестер, 28 милиони евра) и Ченк Тонсун (Евертон, 23 милиони евра). Заедно оваа сезона имаат поминато 38 минути на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…