Дома Фудбал Тежок удар за Милан: Монтоливо ја заврши сезоната!

Тежок удар за Милан: Монтоливо ја заврши сезоната!

Лоши вести за Милан и тренерот Винченцо Монтела, кој го загуби капитенот Рикардо Монтоливо најверојатно до крајот на сезоната.

Монтоливо се повреди синоќа на натпреварот против Шпанија, а денешните испитувања покажаа кинење на лигаментите на левото колено.

Капитенот на Милан ќе биде опериран во наредните денови, па потоа следува неколкумесечен период на рехабилитација, што значи дека сезоната за него е завршена.

Ова сигурно ќе биде тежок удар за „росонерите“ бидејќи Монтоливо е стандарден и е најдобриот поединец во средниот ред на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси гледа кон Рамон, но Реал има важен адут

Дефанзивецот на Комо е на радарот на Челси за летото во 2027 година, додека Беноа Бадијаши…