Дома Фудбал Тевез: Ги жалам луѓето кои работат цел ден, ние фудбалерите можеме без плата и неколку години!

Тевез: Ги жалам луѓето кои работат цел ден, ние фудбалерите можеме без плата и неколку години!

Големата ѕвезда на аргентинскиот фудбал Карлос Тевез е разочаран од она што се случува во светот поради пандемијата со коронавирусот.

Многу луѓе се без работа, економијата е на голем удар, а богаташите кои имаат срце се обидуваат да им помогнат на посиромашните од себе.

Карлос Тевез во текот на кариерата заврши многу, а сега сака да помогне на оние на кои им е најмногу потребно.

„Ова е вистинска катастрофа. Фудбалерите без плата можат да живеат и неколку години, жал ми е за луѓето кои стануваат во шест часот наутро и се враќаат во девет навечер за да го прехранат семејството. Ние фудбалерите сигурно дека можеме да помогнеме“, изјави Тевез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде го спаси Реал во 90’+2′: АЕК двапати водеше, но остана без бод!

Реал Мадрид славеше со 3-2 на гостувањето кај АЕК, откако двапати ја бркаше предноста на д…