Дома Македонски спорт Мак ракомет Талески се сели во Рајн Некар веднаш по Светското првенство!

Талески се сели во Рајн Некар веднаш по Светското првенство!

0

Филип Талески по завршувањето на Светското првенство веднаш ќе се пресели во редовите на Рајн Некар Левен, а нема да ја чека 2018 година како што првично се договорија двата клуба, објави германскиот шампион на својата официјална интернет страница.

Преговорите помеѓу Металург и Рајн Некар завршија успешно и македонски репрезентативец нема да ја чека 2018 година, туку веднаш по завршувањето на Мундијалот во Франција ќе го облече дресот на германскиот шампион.

„Задоволни сме што успеавме да издејствуваме Талески да дојде во клубот веќе во јануари. Тој ќе ја засили нашата бековска линија“, изјавила за клупската интернет странива извршниот директор Џенифер Кетемен, дополнувајќи дека според договорот на клубовите нема да биде објавена сума која Рајн Некар ќе му ја плати на Металург како обештетување за Талески. Филип треба да има една од клучните улоги во тимот во блиска иднина“, изјави спортскиот директор, Оливер Ригиш.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Мак ракомет

Проверете

Стојановски: Најважна беше победата која ја посакувавме

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски ја предводеше Мак…