Талентот на Челзи, Калум Хадсон-Одои е многу блиску до трансфер во Баер Леверкузен, пренесуваат англиските медиуми.
Ходсон-Одои не добива доволно минутажа кај Тухел, па и самиот побара трансфер во клуб каде ќе може да игра повеќе.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Челзи се согласи да го пушти на едногодишна позајмица, а неколку клубови го сакаа крилниот напаѓач во своите редови.
21-годишниот Англичанец го избра Баер Леверкузе, каде ќе се пресели на едногодишна позајмица, без право на откуп.
Во Челзи се уште веруваат дека со настапи во континуитет Одои може да ја врати вистинската форма, па затоа ќе го испратат на позајмица.
Само за потсетување пред една година и половина Баерн Минхен силно го посакуваше Одои и беше спремен да плати 70 милиони евра, но Челзи ја одби понудата.