Дома Фудбал Останато Тажна вест го погоди регионот, почина поранешниот југословенски репрезентативец

Тажна вест го погоди регионот, почина поранешниот југословенски репрезентативец

Легендарниот фудбалер на Сараево, Вахидин Мусевиќ почина на 76 година од животот.

Мусемиќ со репрезентацијата на Југославија освои сребрен медал на Европското првенство во Рим во 1968 година, а неговиот помлад брат Хусреф беше фудбалер на Црвена Звезда, исто така и тој беше репрезентативец на Југославија.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


За Сараево настапи на 293 натпревари и постигна 169 голови, а кариерата потоа ја продолжи во Ница каде што помина две години и за тоа време одигра 42 натпревари, постигнувајќи 19 голови.

Репрезентативец на Југославија беше од 1968 до 1970 година и на 17 натпревари постигна девет гола. Кариерата поради тешките повреди мораше да ја заврши на само 29 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Перез не може да запре: Реал Мадрид купува една од најдобрите „деветки“ во светот

„Скај спорт“ тврди дека Реал Мадрид е еден од големите клубови кои ќе ја следат ситуацијат…