Една од најголемите кошаркарски легенди на НБА, Дикембе Мутомбо почина денес на 58-годишна возраст.
Мутомбо почина по борбата со тумурот на мозокот. Славниот центар доминираше во НБА лигата во текот на 90-тите и 2000-тите години.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Во текот на неговата кариера, која траеше 18 сезони, Мутомбо 8 пати беше избран за Ол-стар натпреварот и 4 пати беше прогласен за најдобар дефанзивец во лигата.
По завршувањето на неговата играчка кариера во 2009 година се занимаваше со хуманитарна работа, а во 2015 година е примен во Куќата на славните.
Basketball Hall of Famer Dikembe Mutombo has passed away at 58 years old due to brain cancer. pic.twitter.com/taDWSFeCQE
— Shams Charania (@ShamsCharania) September 30, 2024