Фудбалерите на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани, Усман Дембеле, Хакими и Курзава се суспендирани на еден натпревар поради хомофобични скандирања, објави во четвртокот Лига де фудбалскиот професионел (ЛФП).
Коло Муани, Дембеле, Хакими и Курзава беа казнети бидејќи на 24 септември по триумфот против Олимпик Марсеј (4:0), заедно со навивачите пееја навредливи песни упатени кон клубот од Марсеј.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
ПСЖ беше казнет и со затворање на трибината на Отеј, каде што се најжестоките навивачи, на два меча, од кои едниот е условен. ПСЖ излезе со соопштение во кое тврди дека казната за затворање на трибината е „прекумерна мерка“, но и додаде дека нема да се жалат на одлуката на ЛФП.
„Клубот жали што дисциплинската комисија донесе одлука за прекумерна и колективна мерка, која веројатно ќе ја поткопа работата на дијалог и превенција што клубот ја спроведува со здруженијата, институциите и навивачите. Свесен за важноста на борбата и симболиката, клубот нема да се жали“, објави ПСЖ.