Maроканскиот репрезентативец, Софијан Амрабат ќе биде ново засилување за Фенербахче.
Се обидуваше Атлетико да го доведе Мароканецот, дури Диего Симеоне и лично го повика, но Мароканецот на крајот се сели кај Мурињо.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Во прашање е позајмица со обврска за откуп наредното лето. Фенербахче ќе плати сума од два милиони евра сега и уште 13 наредното лето. Во игра се и дополнителни три милиони евра кои би се исплатиле преку бонуси. Тоа значи дека Фиорентина би можела да заработи 18 милиони евра.
Минатата сезона Амрабат ја помина на позајмица во Манчестер Јунајтед. Се шпекулираше дека може да биде откупен, но Ерик Тен Хаг се одлучи за Мануел Угарте.