Дома Фудбал Судиите ова не го видоа: Барса тешко оштетена во Виго

Судиите ова не го видоа: Барса тешко оштетена во Виго

Фудбалерите на Барселона синоќа во Виго ремизираа со Селта (2:2) во натпревар од 33. коло во шпанската Ла Лига.

Каталонскиот тим двапати водеше. Прво дојде до водство преку Дембеле, а изедначи Кастро во финишот на првиот дел, за во 64. минута после да дојде до водство преку Пако Алкасер.

Сепак, во 82. минута Селта стигнува до ново израмнување. Погоди Иаго Аспас за 2:2, но овој гол не беше регуларен.

Топката во рака го погоди напаѓачот на домашниот тим и заврши во мрежата. Судиите тоа не го видоа, ВАР во Ла лига нема и Барса изгуби два бода во овој дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…