Дома Фудбал Суарез: Разговарав со Куман и тој ми кажа дека не сум му потребен

Суарез: Разговарав со Куман и тој ми кажа дека не сум му потребен

Роналд Куман по доаѓањето во Барселона отпиша неколку играчи, а меѓу нив беше и Луис Суарез што за многумина беше изненадување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Уругваецот ја напушти Барселона и игра фантастична сезона во која во овој момент со 14 гола е прв стрелец во Ла Лига, а Атлетико е на добар пат да стигне до титулата. Сега Суарез зборуваше за моментите кога одлучил да си замине.

„Куман ме викна и ми кажа дека нема потреба од играч како мене. Го прифатив тоа, но му одговорив дека имам договор и дека ќе тренирам со тимот. Ми беше тешко да ја напуштам Барселона, меѓутоа почувствував дека клубот повеќе неме почитува како претходно“, изјаву Суарез.

Суарез во Барселона играше од 2014 до 2020 година и освои четири титули во Ла Лига, Лига на шампиони, четири Кралски купа, два Суперкупа на Шпанија, Суперкуп на Европа и Светско клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се воведуваат четири нови правила во Премиер лигата, пауза за хидратација нема да има!

Оваа недела започнува новата сезона на Премиер лигата на Англија, со дуелот помеѓу Арсенал…