Дома Македонски спорт Мак фудбал Ступиќ за подготовките на Кит Го: Најважно е да се избегнат повредите

Ступиќ за подготовките на Кит Го: Најважно е да се избегнат повредите

Кит Го го одигра првиот пријателски натпревар за време на летните подготовки триумфирајќи со 2-0 против екипата на Слога од Виница.

Стрелец на еден од погодоците за Кит Го беше и најдобриот напаѓач на тимот, Бошко Ступиќ кој вели дека може сите поединци во клубот да бидат задоволни од досегашниот тек на подготовките. Според Ступиќ најважно во моментов е да се избегнат несаканите повреди, и добро да се вклопат новите фудбалери во тимот.

„Може да кажам дека подготовките течат во најдобар ред. Имаме одлични услови за работа во Пехчево, а стартувавме и со пријателските натпревари. Според мене, најважно во овој момент од подготовките да се избегнат повредите а резултатите од тестовите секако се во втор план. Имаме и нови фудбалери кои одлично се вклопија во тимот, па верувам дека ќе минеме квалитетни подготовки и успешно ќе се подготвиме и за новата сезона“ – вели Ступиќ за официјалниот сајт на Ки Го.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шест победи во Баку за Македонија У15, повредите го скратија изборот на Станковски

Македонската генерација 2011 заврши со шест победи на десет средби во форматот 7+1. По иск…