Дома Фудбал Италија Стравот во Италија е голем: Играчите на Пескара сакаа да играат со заштитни маски

Стравот во Италија е голем: Играчите на Пескара сакаа да играат со заштитни маски

Во Италија стравот поради коронавирусот е навистина голем, а тоа го покажаа и фудбалерите на Пескара пред нивниот натпревар во Серија Б против Беневенто.

Поради епидемијата од коронавирусот натпреварите во Италија се играат без публика и така ќе биде до 3. април. Дека и фудбалерите стравуваат се покажа вчера пред почетокот на натпреварот на Пескара и Беневенто.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, цел тим на Пескара на теренот се појави со заштитни маски.

Од клубот после натпреварот објавија и соопштение.

„Се грижиме за здравјето на нашите играчи и противниците. Ние излеговме на терен со заштитни и маски и ќе ги отстраниме само ако судијата ни каже дека на тој начин ги кршиме правилата“, гласеше соопштението.

Во текот на вчерашниот ден Министерот за спорт на Италија бараше и прекин на комплетниот фудбал на Апенините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скандалозни сцени во Лондон! Џака се караше со навивачите, му повторуваше само четири зборови

Вест Хем после очајните резултати конечно успеа да ги усреќи своите навивачи и денеска дој…