Дома Фудбал Англија Стив Брус: Де Брујн ќе игра за Њукасл

Стив Брус: Де Брујн ќе игра за Њукасл

Менаџерот на Њукасл, Стив Брус се пошегува дека големата ѕвезда на Манчестер Сити, Кевин де Брујн ќе премине на „Сејнт Џејмс Парк“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Синоќа двата клуба се сретнаа во четвртфиналето од ФА Купот, Сити победи со 2:0, а Де Брујн беше стрелец на еден од головите.

После мечот Брус беше добро расположен и ја прекина изјавата на Белгиецот за да пренесе „ексклузивна“ вест.

„Тој ќе остане. Ќе остане тука и ќе игра за нас. Тоа е ексклузивната вест од Њукасл оваа вечер. Доволно долго беше во Манчестер Сити, сега ќе дојде да игра за Њукасл“, се пошегува Брус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ромеро се согласи на условите со Атлетико

Кристијан Ромеро постигна целосен договор со Атлетико Мадрид за личните услови, објави Мат…