Дома Фудбал Репрезентации Српска легенда седнува на клупата на Бугарија!

Српска легенда седнува на клупата на Бугарија!

Во септември репрезентацијата на Бугарија ќе гостува во Скопје во последниот натпревар од Лигата на Нации, а на клупата на оваа репрезентација седнува Младе Крстаиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Српските медиуми објавија дотографија од Крстаиќ со раководството на Бугарската федерација. Бугарите останаа без селектор откако Јасен Петров си замина после дебаклот од Грузија во Разград со 2:5.

Според информациите Крстаиќ веќе се договорил и го потпишал договорот, а сега се чека само официјалната промоција. Техничкиот директор Георги Иванов неодамна најави дека до 28. Јули ќе биде објавено името на новиот селектор кој ќе има скоро два месеци да го спреми тимот за последните два меча од Лигата на Нации.

Бугарија во овој циклус во Лигата на Нации освои три бода со три реми против Македонија, Гибралтар и Грузија со тоа се третопласирани во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…