Дома Фудбал Србија не памети поскандалозна прослава: Го постигна победничкиот гол, па направи срамен потег и доби црвен картон

Србија не памети поскандалозна прослава: Го постигна победничкиот гол, па направи срамен потег и доби црвен картон

Фудбалерите на Напредок славеа со 2:1 на гостувањето кај Војводина, а мечот го одбележа самиот финиш, каде Марко Шариќ го постигна победничкиот гол, а потоа имаше скандалозна прослава за која доби директен црвен картон. .

Овој 25-годишен напаѓач влезе во игра во 85. минута и се покажа како вистински џокер за Горан Стевановиќ бидејќи постигна спектакуларен гол.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Ја „скина“ мрежата по добра контра акција, но потоа имаше срамен „настап“ кога истрча кон клупите, и во два наврати се фати за меѓуножјето.

Главниот судија Дејан Трифковиќ најпрвин очигледно не видел што се случило, но набрзо добил повик од ВАР просторијата каде му била покажана снимката од „славјето“ на Шариќ, по што немал дилема – судијата веднаш му покажа црвен картон и прерано го испрати во соблекувална.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски и Адеми останале без тренер: Најголемата желба на Динамо е – (не)возможна мисија!

Според информациите на хрватскиот портал „24сата“ Сергеј Јакировиќ добил отказ од клупата …