Дома Фудбал Останато Србија му врачи отказ на Крстаиќ

Србија му врачи отказ на Крстаиќ

Српската фудбалска федерација одлучи да му врачи отказ на селекторот Младен Крстаиќ, потврди претседателот на Федерацијата.

Една од главните причини за отпуштањето на стратегот е дебаклот од 5:0 против Украина во квалификациите за ЕП. По овој пораз, Србите ја победија Литванија со 4:1, но тоа не беше доволно да се спаси поранешниот репрезентативец на „орлите“.


Од Федерацијата потврдија дека името на новиот селектор на Србија ќе биде обелоденето во наредните денови.

Медиумите кај нашиот северен сосед изминативе денови пишуваа дека Љубиша Тумбаковиќ е фаворит за селекторското столче, откако и тој доби отказ од репрезентацијата на Црна Гора.

Крстаиќ заминува од селекција со позитивен скор зад себе – 9 победи, 5 нерешени и 5 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул најде замена за Трент – веднаш ја активира клаузулата од 35 милиони евра

Трент Александер-Арнолд по оваа сезона повеќе нема да биде играч на Ливерпул, а „Црвените“…