Дома Кошарка Србија и САД ќе играат во иста група на Олимписките игри

Србија и САД ќе играат во иста група на Олимписките игри

Репрезентациите на Србија и САД ќе играат во иста група на кошаркарскиот турнир од Олимписките игри во Париз одлучи денешната ждрепка која се одржа денеска во Швајцарија.

Ждрепката посака во групната фаза да играат Србија и САД, најголемите фаворити за златниот медал на Олимпијадата.

Покрај Србија и САД во оваа група ќе бидат уште Јужен Судан и најверојатно Литванија или Италија во зависност од квалификацискиот турнир во Порторико.

За САД учество најавија најголемите ѕвезди како Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурент, Ентони Дејвис, а за Србија неизвесно е учеството на најголемата ѕвезда Никола Јокиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вилдоза: Полесно ми беше да заминам во Олимпијакос отколку да го облечам дресот на Партизан

Аргентинскиот бек објасни зошто доаѓањето во Партизан му било необично по настапите за Црв…