Серхио Рамос во текот на кариерата повеќе пати покажал дека знае да ги загуби нервите, но последниот потег секако е срамен.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Баерн го победи ПСЖ во првиот натпревар од осминафиналето со 1:0, а во овој натпревар по натпреварот се коментира и еден потег на шпанскиот дефанзивец. Рамос е познат како пргав фудбалер, но не се наоѓал често во ситуации да не се однесува коректно кон луѓето кои не се негови противници.
Но, таков однос имаше по вчерашниот пораз од Баерн. Фудбалерите на ПСЖ дојдоа до навивачите да ги поздрават, а нервозниот Рамос изгледаше како само да сака да се расправа.
Прво помести еден од фотографите, за потоа другиот да го турне. Можеби немаше доволно простор, но секако тоа не е оправдување за ваквиот гест.
Sergio Ramos… 😭💀💀
— PSG Report (@PSG_Report) February 15, 2023
pic.twitter.com/Ec6KZqCC4j