Дома Трансфер зона Спинацола заминува од Рома, но ќе остане во Серија А?

Спинацола заминува од Рома, но ќе остане во Серија А?

Според последните најави од Италија, Леонардо Спинацола ќе ја напушти Рома, но ќе остане во италијанскиот фудбал. Информациите се дека негова следна дестинација може да биде Наполи.

Договорот на Спинацола со Рома истекува за два дена и тој слободно би можел да се пресели во новата средина, а „волчицата“ не покажала некој посебен интерес да го задржи.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Спинацола веќе има договорено нов тим и тоа треба да биде Наполи. Најавите се дека со тимот предводен од Антонио Конте ќе потпише договор на една година со можност за продолжување на уште една.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…