
Викенд на градски дерби дуели: Арсенал - Тотенхем и Атл.Мадрид - Реал М. ↓↓↓
Лучијано Спалети заминува од Наполи иако на овој тим му ја донесе титулата по 33 години пауза.
Заминувањето веќе го потврди Аурелио Де Лаурентис, а сега се огласи и самиот Спалети кој порача дека сака да одмори од фудбалот.
„Треба да одморам, се чувствувам уморен, морам да бидам далеку од фудбалот. На претседателот му кажав дека ја прекинувам оваа сезона и нема да го водам Наполи наредната, ниту било кој друг клуб“, изјави италијанскиот стратег.
Спалети во Наполи пристигна во 2021 година и негов последен натпревар ќе биде дуелот со Сампдорија од последното коло во Серија А в недела.