Дома Фудбал Англија Солскјер призна: Не сакам да си заминам на лето!

Солскјер призна: Не сакам да си заминам на лето!

Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го препороди тимот, откако запиша четири победи на четири натпревари во Премиерлигата.

Норвежанецот стигна како спасител на „Олд Трафорд“ и се запиша во клупската историја како втор тренер кој стартувал со четири победи на првите четири меча.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Солскјер има договор до лето, па најверојатно ќе биде заменет со етаблирано тренерско име, иако тој сака да остане на „Олд Трафорд“.

„Не сакам да си одам на лето, секако дека не сакам. Ова е навистина одлична група на фудбалери, тука е фантастична атмосферата. Ќе давам максимум додека сум тука. Ако победивме на четири меча, значи можеме на уште четири. Тоа е предизвик, тоа се стандарди кои се познати за овој клуб“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …