Дома Фудбал Англија Солскјер за можното доаѓање на Агуеро: Кога играте за Сити, не одите во Јунајтед

Солскјер за можното доаѓање на Агуеро: Кога играте за Сити, не одите во Јунајтед

Серхио Агуеро ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната како слободен играч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од моментот кога и официјално беше објавено дека Агуеро ќе напушти Сити започнаа шпекулации за неговата наредна дестинација. Се појави и името на Манчестер Јунајтед, но Солскјер тврди дека во таквите најави нема вистина.

„Лојалноста е многу важна за мене. Затоа не очекувам дека некој кој 10 години играл во најголемиот ривал во соседството да дојде кај нас. Професионалци сме, но кога играте за Сити, не одите во Јунајтед. Да, има такви примери, но искрено мене тоа не ми се допаѓа. Не сакам да кажувам имиња, сите ги знаете“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Прекините за хидрација станаа бизнис: ФИФА не планира да ги укине

ФИФА не планира да се откаже од прекините за хидрација кои на Светското првенство 2026 им …