Дома Топ вести Солскјер добива 290 милиони: Направен список од седум имиња

Солскјер добива 290 милиони: Направен список од седум имиња

Оле Гунар Солскјер ја доби довербата на управата на Манчестер Jунајтед и ќе добие 290 милиони евра за да го засили тимот во наредните два преодни рока.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Целта е во следните два преодни рока на „Олд Трафорд“ да пристигнат најмалку тројца фудбалери кои ќе го подигнат нивото на квалитет на целиот тим

Солскјер има потреба од нов напаѓач и двајца фудбалери за врска. Ерлинг Халанд останува прв избор, а цената му е 90 милиони евра и тоа наводно „ѓаволите“ се подготвени да го платат.

Јунајтед бара млади фудбалери, па освен Халанд, би можел да биде купен и Муса Дембеле од Лион.

Се очекува промена и во средниот ред, идеални засилувања би биле Џејдон Санчо и Саул Нигез, кои заедно може да чинат околу 200 милиони евра.

Доколку не ги ангажираат нив, тогаш како алтернативни решенија се споменуваат Рубен Невеш, Бруно Фернандез и Паредес.

Засега нема најава дека Јунајтед ќе троши пари за одбрана, откако во летото беа донесени Мегваер и Ван Бисака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…