Дома Фудбал Италија Соиграчот на Пандев потресен: Пред 10 минути поминав на тој мост – НЕ Е МОЖНО!

Соиграчот на Пандев потресен: Пред 10 минути поминав на тој мост – НЕ Е МОЖНО!

0
crishito

Страшната несреќа со срушениот мост во Џенова го потресе светот.

Во јавноста по повод трагичниот настан се огласи соиграчот на нашиот Горан Пандев од Џенова и познат италијански фудбалер, Доменико Кришито.

Кришито до неодамна настапуваше во руски Зенит, а ова лето се врати во Италија се придружи на тимот на Пандев.

Стоперот е како и цела Италија е потресен од трагедијата и објави дека десетина минути пред мостот да се сруши тој поминал преку него.


Следете го Sportski.mk и на


„Сакам да ја напишам оваа порака за оние кои се загрижени за мене и моето семејство. Прво сакам да кажам дека сите сме добро. Но, само 10 минути пред мостот да се урне поминав преку тој мост. Моите мисли се семејствата на жртвите. Не е можно еден мост да се урне така лесно – НЕ Е МОЖНО! Луѓето ги губат своите животи поради вакви работи, нешто мора да се направи, безбедноста мора да биде обезбедена, ова е одвратно“, гласи пораката на Кришто која ја испрати преку неговиот Инстаграм профил.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изгледа толку беше: Болт пред откажување од фудбалскиот сон

Најбрзиот човек во светот Усаин Болт соопшти дека до крајот на ноември ќе одлучи дали сака…