Дома Фудбал Останато Снајдер откри како бил избркан од Реал Мадрид

Снајдер откри како бил избркан од Реал Мадрид

Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер го откри начинот на кој бил „избркан“ од Реал Мадрид и дека нема добри спомени од „кралскиот“ клуб.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Најлошиот дел од мојата кариера беше кога се збогував од Реал Мадрид. Заминав во теретана, а потоа дојдов до својот плакар кој беше празен. Потоа бев со претседателот на разговор, а тој не ми даде шанса ништо да кажам, туку ми порача дека не сум им во плановите и сакаат да ја освојат Лигата на шампиони. Бев разочаран и изненаден“, открива Снајдер.

Снајдер изјави дека имал потенцијал да биде на исто ниво со светските мегаѕвезди Кристиано Роналдо и Лионел Меси.

„Можев да бидам како нив, но едноставно не сакав. Уживав во животот и можев да пијам чаша вино на вечера. Лео и Кристиано се различни. Тие жртвуваа многу за нивниот успех. Но, мојата кариера совршено ми одговара. Беше одлично“, изјави Снајдер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФФМ го објави новиот дрес на Македонија (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација го доби новиот дрес со кој ќе игра во следниот перио…