Дома Фудбал Лига на шампиони Следната сезона два клуба ќе играат ЛШ на култниот Сан Сиро

Следната сезона два клуба ќе играат ЛШ на култниот Сан Сиро

0

Иако Милан не успеа да се пласира во ЛШ, домашните натпревари во најелитното фудбалско натпреварување на Сан Сиро/Џузепе Меаца следната сезона ќе играат два клуба.

Освен Интер, натпреварите во ЛШ на култниот милански стадиони, според пишувањата на Газета дело Спорт, ќе ги игра и Аталанта.

Дебитантот во најсилното клубско натпреварување изражи желба да ги игра домашните натпревари на Сан Сиро бидејќи работите на стаионот во Бергамо нема да завршат во планираното време.

Милан и Интер немаат ништо против Аталанта да игра во Милано, а своја согласност ќе даде и градската власт, која управува со стадионот.

Во Аталанта се одлучија на овој потег откако на последната посета на УЕФА инспекторите се забележани низа недостатоци во текот на реконструкцијата на стадионот во Бергамо.

Се очекуваше своите европски натпревари Аталанта да ги игра на стадионот во Роџо Емилија како и претходната сезона, но веројатно тоа нема да биде случај.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Навивачка на Звезда помеѓу толпа навивачи го крена горниот дел и покажа се (ВИДЕО)

Вчера Црвена Звезда забележа одличен резултат и на гости против Јанг Бојс одигра 2:2. Во Б…