Дома Фудбал Италија Скриниар не размислува за трансфер

Скриниар не размислува за трансфер

Дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар истакна дека воопшто не размислува за трансфер и ќе остане во клубот и следната сезона.

Скриниар минатото лето беше поврзуван со трансфер во Премиер лигата, но остана во Интер и одигра одлична сезона.

„Имаше шпекулации, веројатно ќе има и во иднина. Јас воопшто не обрнувам внимание. Ако се прашувам јас нема да има никаква промена. Го освоивме Скудетото и сакам да уживам во тоа, не размислувам за трансфер“, изјави Скриниар.

Скриниар оваа сезона одигра 30 меча за „нероаѕурите“ и беше еден од најзаслужните за освоената титула во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул заинтересиран за голманот на Хал Сити, Тзолакис

Ливерпул се интересира за голманот на Хал Сити, Константинос Тзолакис, кој би можел да чин…