Дома Фудбал Италија Скриниар и Интер блиску до договор

Скриниар и Интер блиску до договор

Последните информации од Италија говорат дека Интер и Скриниар се блиску до договор за продолжување на договорот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Словакот беше главна трансфер цел на ПСЖ ова лето и „светците“ испратија неколку понуди, но сите беа одбиени од страна на Интер.

Меѓутоа, проблем за Интер е што Скриниар влезе во последната година од договорот и веќе во јануари може слободно да преговара со заинтересираните клубови.

ПСЖ му понуди 9 милиони евра по сезона, сума која Интер не може да си ја дозволи. На последната средба „нероаѕурите“ му понудиле нов договор со плата од 6 милиони евра по сезона.

Скриниар е спремен да ја прифати понудата и да стави потпис на нов договор бидејќи е среќен во Милано и ќе биде промовиран во нов капитен на миланскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шкендија се раздели со Јетон Беќири!

Вицешампионот на Македонија, Шкендија, денеска официјално потврди дека ја завршува соработ…