Дома Фудбал Останато Скандал: Четворица фудбалери завршија во притвор – силувале новинарка!

Скандал: Четворица фудбалери завршија во притвор – силувале новинарка!

На четворица фудбалери на аргентинскиот прволигаш Велез Сарсфилд, обвинети за сексуален напад, по барање на обвинителството им е одреден полициски притвор од 48 часа, соопшти адвокатот на жртвата која е спортска новинарка.

Уругвајецот Себастијан Соса и Парагвајецот Хозе Флорентин и Аргентинците Брајан Куфре и Абијел Осорио, исфрлени од клубот веднаш штом случајот беше откриен на почетокот на март, се во притвор додека се чека дополнителна одлука на судијата.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Жртвата, 24-годишна спортска новинарка, изјави дека била нападната на 3 март во хотелска соба во Тукуман, каде што била поканета од Себастијан Соса, кој престојувал таму со уште тројцата фудбалери.

По неколку пијачки почнала да се чувствува лошо, имала вртоглавици, па легнала на еден од креветите каде што потоа без никаква согласност била сексуално нападната“, се наведува во тужбата.

Според нејзиниот адвокат, судскиот систем има доволно елементи да го оправда ставањето на обвинетите во истражен затвор, бидејќи тие имаат средства да избегаат од земјата.

Според локалните медиуми, резултатите од токсиколошките анализи за да се утврди дали жртвата била дрогирана ќе бидат познати во текот на дваесетина дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новинарите го изненадија Спалети: Не ми се верува дека морам да зборувам за ова

Италијанскиот селектор Лучијано Спалети демантираше дека им забранил на фудбалерите да игр…