Дома Фудбал Репрезентации Скандалот на векот – Шпанците ги дрогирале фудбалерите на Малта, а на судиите им подариле часовници за победа од 12:1

Скандалот на векот – Шпанците ги дрогирале фудбалерите на Малта, а на судиите им подариле часовници за победа од 12:1

Според изјавите на учесници од тој историски натпревар, спектакуларниот пласман на „црвента фурија“ на Европското првенство бил само добро изрежирана измама….

Повеќе од три децении откако Шпанија ја декласираше Малта во Севиља со 12:1 и на неверојатен начин стигна до пласман на Европското првенство во 1984 година емитувана е документарна емисија во која се изнесени тешки обвинувања на сметка на Шпанците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На „фуријата“ и беше потребна победа од дури 11 голови разлика за да се пласира на ЕП 1984, а на неверојатниот натпревар против Малта успеаа да постигнат 12 голови, само за споредба на сите натпревари во претходно во истиот циклус Шпанците вкупно постигнаа 12 погодоци.

Репрезентацијата на Шпанија славеше со 12:1 и така ја престигна Холандија на првата позиција. Шпанија и Холандија имаа ист број на бодови и иста гол разлика, но поради тоа што постигнаа повеќе голови Шпанија беше таа која се пласираше на Европското првенство.

Никој не можеше да си поверува како Малта после солидниот отпор во првиот дел и заостанувањето од 3:1 во продолжение од натпреварот успеа да прими девет голови, а да не постигне ниту еден…

Одговорот можеби може да се најде во документарецот посветен на овој натпревар кој неодамна беше емитуван.

Неколку фудбалери на Малта кои беа дел од тој натпревар не стравуваа да ги обвинат Шпанците дека биле допингувани, но и дека ги „дрогирале“ на паузата…

„Имам брат кој беше боди билдер и знам што се случува кога луѓето користат стереоиди…Енергијата која ја имаа Шпанците не беше нормална. На некои од нив им излегуваше пена од устата и не можеа да престанат да пијат вода. Знам што се случува кога луѓето се на стереоиди“, изјави Силвио Демануеле, поранешен репрезентативец на Малта.

„Низок човек облечен во бело влезе во нашата просторија и не понуди со послужваник парчиња лимон. Само на нас ни понудија. Откако играчите ги „шмукаа“ започнаа да се чуствуваат лошо. Кога го голтнав сокот од лимон се чуствував како пијан, како цела ноќ да не сум спиел“, се сеќава Демануеле.

Покрај тоа селекторот на Малта откри дека често пати бил прашуван дали смета дека Шпанците ги „дрогирале“ неговите фудбалери, но тој не сакал да зборува бидејќи немал конкретни докази.

На сите овие обвинувања тука е и изјавата на голманот на Малта Џон Бонело кој зборуваше дека по натпреварот ги видел луѓето од Фудбалскиот сојуз на Шпанија како пијат шампањ со судиите и им подаруваат златни часовници.

Ваквите обвинувања никогаш не се потврдени, а Шпанците и по емитувањето на оваа емсија очекувано ги демантираа сите обвинувања…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…