Дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт сака да го напушти англискиот шампион, пренесува „АС“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот дефанзивец на Билбао одигра одлично на Европското првенство и сака да ја промени средината каде ќе има поголема минутажа.
Во Сити го изгуби првотимскиот статус и побарал од раководството да му биде дозволен трансфер.
„Граѓаните“ се спремни да го продадат, но не за помалку од 60 милиони фунти, што е проблем за заинтересираните клубови.
Најсилен интерес за дефанзивецот покажува Реал Мадрид, но „кралевите“ не се спремни да ја платат споменатата сума.