Дома Фудбал Англија „Сините“ беа поблиску до победата, ќе се одлучува на „Емирати“

„Сините“ беа поблиску до победата, ќе се одлучува на „Емирати“

Првиот натпревар од Лига купот помеѓу Арсенал и Челзи заврши без победник.

Во првиот натпревар помеѓу Челзи и Арсенал во рамките од полуфиналето во Лига купот победник немаше, натпреварот заврши без погодоци.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челзи започна подобро, креираа неколку одлични напади, но вистинска шанса да го загрозат голот на Оспина немаше.

Арсенал создаде полуприлика преку Лаказет после додавањето Вилшер, а на другата страна се закани Мосес кој ја пропушти најдобрата шанса. Куртоа одлично интервенираше кон крајот на првиот дел после ударот на Ивоби.

Во вториот дел Челзи беше далеку подобар противник од Арсенал, Алонсо и Кристенсен прво се заканија после центаршутите на Канте, потоа повторно Алонсо имаше прилика, па следеше ударот на Мосес, обидот на Кристенсен…

Се редеа шанси пред голот на Оспина, Азар можеше да шутира но се одлучи да додаде па така пропадна уште една прилика за Челзи.

На крајот погодоци немаше, па патникот во следната фаза ќе го добиеме на „Емирати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…